| четврток, 6 декември 2018 |

Чековски скина мускул – првенството е завршено за него

Македонскиот кошаркарски репрезентативец  Ѓорѓи Чековски заработил сериозна повреда на синоќешниот натпревар со Литванија поради која ќе мора да го пропушти остатокот од шампионатот. Нашата репрезентација ќе настапи ослабена во преостанатиот дел од Европското првенство (ЕП) во Словенија, пренесува Мкд.мк.

Деталните лекарски прегледи и снимката со магнетна резонанца покажале дека крилниот центар на Македонија има руптура на мускулот на десната нога.

Чековски се повреди по еден силен дуел под нашиот кош во второто полувреме. Тој непосредно по синоќешниот меч беше префрлен во Љубљана на детални прегледи чии резултати предизвикуваа разочарување како кај самиот него и останатите во репрезентативниот табор така и кај сите искрени љубители на македонската кошарка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top