Подготовките за новата сезона на познатото шоу веќе се во тек, а организаторите размислуваат кои познати македонски личности ќе бидат дел од вториот по ред „Танц со ѕвездите“.
На нивната официјална страница на „Фејсбук“ тие прашуваат кој македонски спортист или спортистка сакате да ги гледате оваа година како натпреварувачи, со оглед на тоа дека минатогодишниот победник Атанас Николовски беше кајакар.
Но, меѓу имињата како голманот Борко Ристовски и каратистот Дејан Недев, се најдоа и предлози како Елена Ристеска, Тони Зен, па дури и Кили.
На страницата на „Танц со ѕвездите“ постојано пристигнуваат предлози за тоа кого публиката сака да го види на танцовиот подиум. Меѓу најгласаните познати македонски личности се најдоа и стилистот Дадар, пејачките Каролина и Елена Ристеска, минатогодишниот евровизиски представник Влатко Лозановски, но и водителката Маја Поцевска, како и шоуменот Игор Џамбазов.
Засега постојат само претпоставки, а сигурни детали за тоа кои 12 двојки ќе ги гледаме на МТВ оваа сезона, ќе се знаат пред почетокот на новата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


