
Нашата мисија во годината што измина не беше ни малку лесна ако се земе предвид целта која ја поставивме уште од првиот број- да бидеме фактор на обединување на македонското ткиво, добронамерно да укажуваме на проблемите, издржано да критикуваме без некого да навредуваме и да отвора медилеми кои, преку дискусии и дебати, ќе придонесат за доброто на сите. Во изминатите 52 недели се обидовме да ги следиме и анализираме најголемите настани и предизвици со кои се соочува нашата држава и, се разбира, македонскиот народ, и тоа на сите полиња во општеството. Колку успеавме во намерата оставаме на публиката да цени.
Свесни сме дека некои и по цела година сѐ уште не ја препознаваат нашата искрена посветеност во реализацијата на зацртаната цел, но тоа не нѐ обесхрабрува, туку, напротив, нѐ мотивира да продолжиме да им докажуваме дека за нас нема ништо поважно од интересите на граѓаните.

Ги поздравувамe сите читатели на неделникот, кои од недела во недела се сѐ побројни, и би сакалe да им се заблагодариме за поддршката што ни ја даваа во текот на целата година. За во иднина можме да им ветиме дека ќе продолжиме да го пишуваме тоа во коешто веруваме дека е правилно и корисно, дека ќе влегуваме во бескомпромисни дуели со сите што сметаме дека не работат во интересите на државата и, пред сѐ, на граѓаните, без разлика дали неистомислениците ќе се обидат да нѐ обележат како нечии или некакви. Секогаш ќе има и незадоволни од тоа што го пишуваме- и за тоа сме свесни уште од почетокот. Не очекуваме сите да нѐ сакаат, ниту да се согласуваат со нашите ставови и гледишта. Не се плашиме од негативните реакции, туку сме подготвени да ги примиме сите добронамерни критики и да разговараме за нив. Всушност, ние секогаш сме се залагале да ѝ понудиме на публиката разновидни идеи и ставови. Сето тоа е во функција на поттикнување здрави дебати за најважните прашања кои нѐ опкружуваат. Некогаш можеби и ненамерно ќе погрешиме, но сме и ќе бидеме доблесни да се извиниме и да се коригираме. Всушност, и грешките се дел од работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пријател на Јелена открива: И било страв од годишнината на бракот која доаѓала
-
Дарко Илиевски: Во животот се клекнува само еднаш, пред жената која ја сакаш
-
Изминаа 16 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски во Тетово
-
Македонската пејачка прослави 5 години брак: Сум се вљубувала многу пати, но секогаш во тебе


