| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија на Инстаграм: Војна нема, има хуманитарни активности

Војната на терен не поминува без пропратната медиумска војна. Сириското најмоќно оружје за таа цел е првата дама.

asma4Неодамна отвори Инстаграм профил каде се споделуваат фотографии од секојдневниот живот на претседателот и првата дама. Нема војна, нема крв, нема мртви тела.
Главната улога на профилот е убавата сопруга на Асад, Асма, која се смее и позира додека им помага на младите Сиријци.

asma3Споредувана со принцезата Дијана заради хуманитарни дела, но и поради вкусот, Асма е позната во светската јавност како модерна и образована дама. Родена Сиријка која поголемиот дел од животот го минала во Лондон каде се образувала и работела во банка пред да се омажи за Асад и да се пресели во Сирија.

асма1Кога почна војната, Асма се повлекла од јавноста, па се чинеше дека се противи на нападите од нејзиниот сопруг. Но набрзо се појавила крај него, насмеана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top