„Њујорк тајмс“ пишува дека Обама наредил Пентагон да подготви проширена листа на потенцијални цели во Сирија. Ова доаѓа по разузнавачките информации дека сириската војска се прераспоредиле на други локации, како подготовка за интервенцијата.
Според весникот, листата од 50 цели сега дополнително ќе се прошири. Воениот напад би бил насочен директно кон воените единици на Асад, кои, според верувањата, го извеле нападот на 21 август со хемиско оружје во предградието на Дамаск. Исто така, цел би биле и објектите на командните штабови што го раководеле со нападот. Според шефот на Генералштабот на американската војска, генералот Мартин Демпси, меѓу целите може да се најдат и сириската противввоздушна одбрана и ракети со долг дострел на сириската војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.