| четврток, 6 декември 2018 |

Сириската влада до САД: Не убивајте цивили

asad sirija

Откако одлуката за нападот на Сирија е префрлена на американските конгресмени, сириската влада од нив побара да не поддржуваат неодговорна акција во која ќе страдаат евини цивили.

Во писмото владата во Дамаск бара од конгресмените преку разговор да се реши проблемот, на цивилизиран начин, да не се предизвикува крвав, деструктивен и катастрофален конфликт.

Писмото од Дамаск до Вашингтон е испратено само неколку дена пред изјаснувањето на американскиот сенат по барањето на претседателот Барак Обама да се дозволи воена интервенција против сирискиот режим, кој според него е одговорен за убиствениот напад со хемиско оружје во кој загинаа над 1 400 цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top