| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија го победи европскиот првак Шпанија

Словенија направи мини-изненадување во финишот на втората рунда на европското првенство во кошарка со победа против актуелниот европски првак Шпанија. Домаќините славеа со 78-69. Со серија од 11-1 во последните 4 минути Словенија стаса до триумф и е единствената непоразена екипа во Ц групата во Целје.

Горан Драгиќ беше лидер на домашниот тим со 18 поени, а и одлично ги проигруваше соиграчите, додавајќи на својот учинок и 7 асистенции. Боштјан Нахбар постигна 14 поени. Кај Шпанците Марк Гасол го заврши натпреварот со 17 поени, а зад него на листата на стрелците е Хозе Калдерон со 14.

Франција очекувано ја победи Велика Британија со 88-65 и го корегираше киксот од вчера по поразот од Германија. Вечерва од 21 часот и Грција победи против Русија со 80-71 и најави кандидатура за медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top