| четврток, 6 декември 2018 |

Летонија ја победи Црна Гора, ќар има и Македонија

Летонија ја победи Црна Гора во второто коло од Б групата на шампионатот во кошарка во Словенија, а резултатот е минимален 73-72. Овој успех на Летонците е втор на Евробаскетот, а индиректно и одговара и на Македонија, бидејќи ние имаме пораз од Црна Гора од еден поен, па во евентуален круг на селекции со ист број на бодови ни треба победа од два поени против Летонците во последното коло.

Во останатите дуели попладнево Харватска ја победи Грузија со 77-76, Украина беше подобра од Израел со 74-67 и Финска од Шведска со 81-60. Македонија од 21 часот игра со Литванија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top