Микроблогот „Твитер“ е проценет на околу 9 милијарди долари, откако некои од првите вработени ги продадоа акции на компанијата за 80 милиони долари на фондот управуван од „Блек Рок“ (БЛК), информираат американските медиуми.
„Твитер“ им помогна на некои од претходните свои вработени да реализираат дел од вредноста на нивните акции, а во исто време им овозможува на одредени инвеститори да стекнат удел во растечката интернет компанија.
Договорот со „Блек Рок“, најдобриот менаџер со пари, бележи раст во вредноста на „Твитер“, во споредба со 2011 година, кога инвестиција на група на компании предводени од „ДСТ Глобал“, го процени микроблогот на 8 милијарди долари.
„Твитер“, основан во 2006 година, во минатото се обидуваше да ги ограничи слични продажби. Во 2011 година компанијата ги замоли акционерите да се воздржат од продажба на акции.
Компанијата одвои половина од добиените од ДСТ 800 милиони долари за откуп на акции од вработени и акционери. Засега од „Твитер“ не ги објавија плановите за излегување на берзата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


