| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското знаме сепак е во салата во Јесенице

Македонското знаме и покрај коментарите на социјалните мрежи е во салата „Подмежекла“ во Јесенице.

Голем број на гледачи покрај телевизиските екрани вчера и денес запрашаа зошто државното знаме не е заедно со сите други знамиња во салата во Јесенице.

Одговорот е едноставен, македонското заедно со летонското, српското, црногорското, литванското и босанското се во делот од салата кој што не го  покриваат камерите кои вршат директен пренос од мечот.

 

На фотографијата на „Република“ се гледа тој дел од салата и македонското знаме заедно со останатите знамиња на земјите од нашата група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top