Во Белград синоќа ненадејно почина познатиот фудбалски тренер Лазар Плачков, кој својата афирмација ја доживеа во македонскиот фудбал како фудбалер на ФК Вардар, а потоа и како тренер на повеќе фудбалски екипи, како ФК Силекс, ФК Победа и други.
Беше и помошен тренер на селекторот Андон Дончевски во првиот стручен штаб на фудбалската репрезентација на Македонија, а потоа и во стручниот штаб на селекторот Ѓоко Хаџиевски.
Погребот на Лазар Плачков ќе се изврши во Бечеј (Србија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.