| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата од Кутлеш забранета на трибините во Јесенице

И денес продолжува забраната за носење на симболот на старото македонско знаме (ѕвездата од Кутлеш или од Вергина) во салата „Подмежакла“ во Јесенице.

Забраната стапила во сила завчера, кога на обезбедувањето на првенството од страна на ФИБА им било наложено да спречат влез на сите навивачи што на знамињата, шаловите и на дресовите ќе го носат овој симбол.

Сепак, откако словенечкото обезбедување увидело дека премногу голем број навивачи носат маици и дресови со симболот, донеле интерна одлука со која забраната важи само за знамиња и за спортски реквизити, но не и за маици и за дресови.

Најмалку триесет македонски навивачи вчера беа вратени од влезот на салата поради тао што се обиделе да влезат со знамиња со ѕвездата од Кутлеш (Вергина).

И покрај забраната, сепак во салата можеа да се видат неколку знамиња, кои навивачите ги прошверцувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top