| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски полицајци во Јесенице

Сашо, Љупчо и нивниот словенечки домаќин Урош се членовите на мешовитата полициска екипа која се грижи за редот кога се играат мечевите на македонската репрезентација во Јесенице, но и за редот во фан-зоната, каде што се собираат македонските навивачи.

Тие се дел од полициските служби на сите екипи кои настапуваат на Европското првенство и се во координација со организаторите и со словенечката полиција, која го обезбедува првенството.

Најголемиот број поплаки ги добиле од макеодонските навивачи кои не смееја да влезат на трибините поради носење знамиња со ѕвездата од Вергина.

За среќа, и покрај незадоволството од судиските одлуки на мечот со Црна Гора, тие немаа работа, пред сѐ, поради дисциплинираните македонски навивачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top