Алек Болдвин не спие многу овие денови и тоа е во ред според него. 55-годишниот актер и неговата сопруга Хилариа своето прво дете, ќерката Кармен Габриела ја добија на 23 август и таа е ноќна птица.
– Спие по цел ден, а навечер е подготвена за акција – вели Болдвин.
Кармен Габриела е две недели стара и веќе ги полудува родителите. Нејзината мајка, која е инструктор по јога, вели дека поради долгото неспиење, ќе почне да се качува по ѕидови.
Ноќите без сон се нормална работа во семејството Болдвин, но Алек вели дека, сепак, е среќен што повторно го почувствувал татковството бидејќи тоа не одеше многу лесно првиот пат со неговата ќерка Ирланд, која сега има 17 години и работи како моделка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)