| четврток, 6 декември 2018 |

Нападот над Сирија – ризик од нов хемиски масакр

mapa na meti vo SirijaЗападните разузнавачки агенции, ЦИА, турските и арапските тајни служби веруваат дека Сирија има резерви од илјада тони хемиско оружје складирано на 50 локации во градовите и во населените места. Според нив Сирија располага со сарин, високоотровен нервен гас, како и со иперит, но и дека Сиријците со години имаат програма за производство на хемиско оружје, кое може да се употреби во авионски напади, со балистички ракети, како и со артилериски гранати.

Според британските медиуми сириските воени стручњаци се обидуваат да создадат и произведат нова генерација хемиско оружје, посилно од тоа со кое располагаат.

Британски воени стручњаци предупредуваат дека при нападите врз сириските владини сили, што ги најави претседателот на САД, Барак Обама, може да се погодат и резервите од хемиско оружје, при што може да има многу загинати и повредени цивили токму од оружјето за кое се казнува Башар ал Асад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top