По првичното разочарување и негативни реакции за тоа кој ќе го игра Кристијан Греј во екранизацијата на веќе култниот роман „50 нијанси сиво“, „Холивуд репортер“ ги објави и имињата на актерите што ја официјално ја одбиле улогата.
Иако за улогата на Дон Жуан на 21 век секоја девојка што ја прочита книгата имаше свој фаворит од актерите, 27-годишниот билионер со големи афинитети кон садо-мазо активностите ќе го глуми русокосиот Чарли Ханам.
Се споменуваа имињата на Иан Сомерхалдер и Мат Бомер, но оној што прв официјално им рече „не“ на продуцентите на „50 нијанси сиво“ беше Рајан Гослинг.
Подоцна, по успехот на неговиот последен филм „Човекот од челик“, понудата за главната улога ја одби и последниот Супермен, Хенри Кавал. Несуден Греј остана и Џејк Гиленхал.
Алекс Петифер, еден од разголените момци на дружината на „Магичниот Мајк“, исто така, остана покус за оваа голема улога.
Онаа која ќе го придружува Ханам во сексуалните авантури, поточно ќе ја игра главната женска улога Анастасија Стил, е ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон, Дакота Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


