Полетните српски „орли“ ја прелетаа Литванија и направија мало изненадување со победа од 63-56. Фаворит за триумф беа Литванците, но избраниците на Душан Дуда Ивковиќ беа подобри во текот на целиот меч од нашата Б група и заслужено ја минаа „Зелената шума“, како што е прекарот на Литванците.
Ненад Крстиќ со 20 поени и 9 скока им одржа вистинска лекција од кошарка на литванските центри, а и Недовиќ беше ефикасен со 14 поени. Бекот Калниетис кај поразениот тим беше најзабележителен со 17 поени.
Премиерниот ден на ЕП во Словенија почна со серија изненадувања и порази на Турција од Финска, на Израел од Велика Британија, на БиХ од Летонија, а така и заврши со сензационален несупех на Франција во дуелот со Германија. Бензинг беше незадржлив кај Германците со 19 поени, 5 повеќе од Гифи и Штајгер. Кај „триколорите“ Тони Паркер беше осамен со 18 поени, а двоцифрен учинок имаше само уште Желабал.
Утре продолжува првенството со второто коло, а Македонија ќе игра со Литванија.
Резултати, прво коло по групи:
ГРУПА А
Израел – Велика Британија 71-75 (66-66 во регуларен дел)
Белгија – Украина 57-58
Франција – Германија 74-80
ГРУПА Б
Летонија – БиХ 86-75
Македонија – Црна Гора 80-81
Литванија – Србија 56-63
ГРУПА Ц
Грузија – Полска 84-67
Шпанија – Хрватска 68-40
Чешка – Словенија 60-62
ГРУПА Д
Турција – Финска 55-61
Шведска – Грција 51-79
Русија – Италија 69-76
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.