| четврток, 6 декември 2018 |

Црн чад над Пелагонија

pelagonija cad

Во раните вечерни часови во долниот дел на Пелагониската котлина се издигнува црн чад од кај планината Кајмакчалан, јави битолската телевизија Тера.

Според информациите од битолската противпожарна единица , вечерва тие интервенирале на запалени бараки на влезот пред Новаци, кои неколку дена неколку пати биле опожарувани.

И пожарникарите кои таму интервенираат не можат со сигурност да кажат од каде доаѓа црниот чад кој се прошири долж планината која е на јужната страна на Пелагонија. Засега нема потврда дали станува збор за пожар на Кајмакчалан, од каде на моменти се гледа и пламен.

pelagonija cad1 pelagonija cad2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top