Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за руската телевизија и агенцијата Associated press,потврди дека Русија на асадовата војска им има испорачано дел од нарачаните ракети С -300, но кажа и дека другиот дел од испораката сега е стопирана.
Тој ги отфрли тврдењата на САД, дека режимот на Башар ел Асад користел хемиско оружје во нападот на предградието на Дамаск на 21. август.
-И порано кажав дека е апсолутно смешно војската на Сирија која е во офанзивна позиција во некои региони, која ги опколи бунтовниците и е пред конечна победа, да користи забрането хемиско оружје, рече Путин.
-Дури и САД имаат експерти кои се сомневаат во валидноста на она што таму беше претставено како доказ за употреба на хемиско оружје. Тие експерти не ја исклучуваат можноста дека бунтовниците имаат изведено таков напад како би ги испровоцирале западните сили воено да интервенираат, рече Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!



