| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот не ја пропушти ни работата, ни кошарката

Премиерот Никола Груевски во својот кабинет го следеше кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на  Македонија и Црна Гора, објави „Телеграф.мк“. И покрај бројните обврски и седницата на Владата која траеше 16 часа, Премиерот Груевски најде време и со документите в раце го проследи драматичниот натпревар.

-Нашиот објектив го фати премиерот како од документите фрла око и кон својот телевизор, следејќи го првиот натпревар на кошаркарска репрезентација. Груевски ги посети репрезентативците на тренинг непосредно пред да заминат и им посака среќа, пишува „Телеграф.мк“ .

Фото „Телеграф.мк“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top