Издавачката куќа „Култура“ денеска го пушти во продажба „Инферно“ од Ден Браун. Предвидено е дружење кое ќе се одвива во книжарницата на „Култура” од 10 до 20 часот, како и необична промоција на која задолжителна е црна облека, а вработените ќе носат маски како на венецијанскиот маскембал. Најдобро време за дружење од 11 до 14 часот и од 16 до 20 часот.
Романот чија работна верзија беше транспортирана преку авион, наместо мејл, чувана како најстрого доверлива тајна, уредувана во непозната соба, заклучувана навечер во сеф, печатена во просторија без камери со ограничен пристап на луѓе, дистрибуирана со камиони со вградени системи за следење, конечно во рацете на фановите на авторот кој го потресе Ватикан.
Данте инспирираше раѓање на уште едно уметничко дело! Но уметничко дело кое сее смрт! Дали ИНФЕРНО за човештвото значи Пекол, Чистилиште или Спасение?
-Како студент го имам читано Данте, но дури неодамна, истражувајќи ја Фиренца, сфатив колкаво е неговото влијание и ден денес. Навистина се радувам што ќе ги поведам читателите на ново возбудливо патување во Дантеовиот мистериозен свет испреплетен со кодови, симболи и тајни премини, изјави на Ден Браун за BBC.
Ден Браун со својот најнов роман насловен „Инферно” (Пекол) ги воведува читателите во епската поема „Боженствена комедија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


