| четврток, 6 декември 2018 |

Босанците се „загубија“ во Словенија, Летонија изненади со победа од 86-75

Босанците се „загубија“ во Словенија на стартот од европското првенство, а слабата игра на Мирза Телетовиќ и соиграчите ја казнија Летонците со убава и значајна победа од 86-75 во премиерниот меч од Б групата во која е и Македонија. Ние почнуваме за час и половина против Црна Гора во салата „Подмежакла“ во Јесенице.

Роландс Фреиманис беше вистинска енигма за одбраната на БиХ со 24 поени, а одлучи тимската игра. Летонците беа покомапктен состав и сосема заслужено ги освоија првите бодови, иако беа рангирани како апсолутни аутсајдери во нашата група. Куксикс забележа 13 поени, а Јаниченокс имаше поен помалку на крајот од мечот. Кај поразениот состав Нихад Ѓедовиќ беше најефикасен со 19 поени, еден повеќе од Мирза Телетовиќ. Кикановиќ уфрли 16 поени, но и тоа беше недоволно за првите бодови.

По овој дуел настапуваат Македонија и Црна Гора, а вечер од 21 часот играат Литванија и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top