Новиот претседател на албанската Академија на науките, Музафер Коркути, го обелодени неговиот приоритет во врска со објавувањето албанска енциклопедија позната како Енциклопедиски речник.
Во интервју за весникот „Газета шќиптаре“ тој нагласува дека речникот ќе биде противодговор на извртените факти во македонската еницклопедија кога станува збор за Албанците.
– Тоа е неопходно. Тој ќе даде одговор на темелните прашања од нашата историја. Ќе биде објавен на англиски јазик со цел на нашите соседи да им стане јасно потеклото на Албанците. Читајќи го овој речник на англиски јазик, ќе им бидат појасни проблемите кои се однесуваат на Албанците и ќе биде одговор на извртените факти кои се направени, како што е случајот со македонската енциклопедија – изјавил академик Коркути.
На функцијата прв човек на ААН, академик Музафер Коркути беше избран пред два дена, наследувајќи го академик Гудар Беќири, а досега беше заменик-претседател на Академијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст