Американски воен авион „ф-16“ исчезнал над Јадранско Море. Пред вчерашното исчезнување на военото летало пилотот пријавил дека има проблем со авионот. Тој летал заедно со други авиони кога се прекинала неговата врска со базата на НАТО во Авијано, на североистокот на Италија. Според „Франс прес“, пилотот го пријавил проблемот во последната порака до базата синоќа околу 19 часот.
Во потрагата учествуваат авионите што летале со него, како и италијанската крајбрежна стража.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


