15-годишникот С.Р. од скопско Студеничани заработи кривична пријава и 30-дневен притвор откако пред два дена брутално избоде 14-годишник од неговото село. Насилниот малолетник ќе одговара за обид за убиство.
Повредениот осмоодделенец имаше околу 20 убоди од нож по телото и беше хоспитализиран во Градската болница во Скопје.
Полицијата го сомничеше 15-годишниот С.Р. и веднаш по расчистување на случајот, тој си заработи соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



