И мештаните во родниот крај велат дека со внимание ја следат состојбата на вдовицата на Тито. Во нејзиното родно местоа Пеќане живеат само 21 жител Станува збор за претежно стари лица кои со тага се сеќаваат на времето кога нивната Јованка беше прва дама на Југославија. И денеска со тага ја прифаќаат веста за нејзината болест и тежок живот.
„Од родна куќа на Јованка Броз останаа само темелите, а во селото не се повеќе ниту нејзините роднини.Со текот низ годните куќите стануваат трошни, а жители има се помалку. Оние пак кои се останати, само заборуваат за Јованка и Тито и како некогаш се живеело,“ вели еден службеник од општината Удбина под која припаѓа ова село.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.