| четврток, 6 декември 2018 |

Земјите од БРИКС размислуваат за заеднички девизни резерви

brik

Членките на БРИКС, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, на маргините на самитот Г20 ќе ја разгледаат можноста за создавање на заеднички девизни резерви.

Тоа ќе се разгледува со цел за регулирање на пазарот на девизи, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Членките на БРИКС ќе се состанат в четврток, при отварање на самитот на Г20 во Санкт Петерсбург и ќе го разгледаат прашањето за основање на заеднички девизни резерви за да се спречи самоволието во формирањето на курсните вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top