Лидерите на надворешнополитичкиот Одбор на американскиот Сенат постигнаа договор за нацрт-одобрување за употреба на воена сила против Сирија.
Така е отворен патот за гласање на денешниот состанок, по што, ако помине, по него ќе гласа Сенатот на 9 септември.
И Претставничкиот дом ќе мора да усвои сопствена верзија на одобрување, по што двата документа ќе мора да се усогласат па Обама да ги потпише.
Според Ројтерс, Одборот предвидува лимит од 60 дена за американска воена интервенција во Сирија, со можност за продолжување за уште 30 дена, во зависност од ситуацијата.
Според медиумите во нацртот стои и одредба за забрана за копнена офанзива во Сирија. Се бара и стратегија за преговори за политичко решение на сирискиот конфликт и сите облици на помош на бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.