| четврток, 6 декември 2018 |

Најтенката тастаура во светот, Surface има дебелина од половина милиметар

Англиска истражувачка компаниија претстави во понеелникот тастатура, што е помалку од половина милиметар дебела, што ја прави најтенката тастатура во светот. CSR фирмата која стои позади технолошките поризводи како слушалките Beats Wireless и Nike+ сега ја креираа Surface, тенко парче со флексибилен екран на допир со сопстевна тастатура.

Уредот се поврзува со вашиот таблет или смартфон со користење на Bluetooth. Специјално дизајнираниот чип овозможува тастатурата да биде компатибилна со најновите уреди без да има голема батерија додадена во овој ултра тенок дизајн.За споредба lightweight Touch Cover на Microsoft е 3.25 милиметри дебела, што е 6.5 пати подебела од Surface тастатурата на CSR. Способноста на тастатурата која работи на допир значи дека корисниците може да удрат, пртиснаат, зумираат и да користат други покомплексни гестови, што е невозможно за нормалните тастатури.
CSR сеуште нема дадено детали за траењето на батеријата, но има уште време за да пронајде решенија за деталите. Уредот нема да биде достапен барем не за помалку од една година, а тоа значи дека сегашниот модел може да се промени во зависност од тоа колку производителите сакаат да ја користат технологијата. Погледнете го видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top