Пораката од градоначалникот на Бостон предизвика остри реакции од градот Детроит, кога препорачал дека банкротираната метропола треба да биде дигната во воздух и да се почне одново.
-Бби го дигнал Детроит во воздух и би почнал одново. Сериозно, место каде што на полицијата и се потребни 90 минути да одговори на повик за помош значи дека има сериозни проблеми со системот. Дури 40 проценти од уличните светилки не работат, повеќето згради се напуштени, со влезовите затворени со даски. Зошто е тоа така? Проблемот е во раководството – изјавил Томас Менино, градоначалник на Бостон, за весникот Њујорк тајмс, прашан за совет за спас на некогаш светски центар на автомобилската индустрија Детроит кој неодамна банкротираше во целост. Бројот на жители на Детроит е повеќе од преполовен, од 1,8 милиони во 1950 години опадна на само 700.000, а во некои од населбите, куќите се продаваат за еден долар.
Дејв Бинг, градоначалникот на Детроит, остро го критикуваше својот колега од Бостон.
– Имајќи го предвид бомбашкиот напад врз маратонот во Бостон, Менино требаше повнимателно да ги избира зборовите, – возврати Бинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.