Претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ денеска и утре ќе престојува во официјaлна посета на Република Македонија.
Предвидено е да биде има средба со македонскиот државен врв, неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а утре и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со премиерот Никола Груевски.
Хрватскиот претседател ќе се сретне и со хрватската заедница во Македонија. Посетата е дел од мини турнејата низ регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.