| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон за шкотската независност: „Ќе имате 2000 фунти помалку, ќе ви падне извозот…“

skotskaГраѓаните на Шкотска ќе загубат ако земјата да прогласи независност, предупреди британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

На конференција во шкотскиот град Абердин, Озборн нагласи дека загубите ќе бидат околу 2.000 фунти годишно за секое шкотско домаќинство. Освен тоа, извозот за останатите делови од Велика Британија ќе се намали за 80 отсто за следните 30 години.

Референдум за независност на Шкотска ќе се одржи на 18 септември 2014 година. Според анкетите, за независност би гласале околу една третина од населението, додека против би се изјасниле околу 60 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top