| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска делегација на Самит во Индија

Македонска делегација ќе учествува на Самитот во Индија. Министрите за странски инвестиции и без ресор, Бил Павлевски и Неждет Мустафа, директорите на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида и Виктор Мизо, како и економскиот промотор Тони Атанасовски се луѓето кои ќе ги промовираат потенцијалите за инвестирање пред 65 земји

mizoМакедонска делегација учествува на Самитот  во Индија што од 26 до 29 јануари се оддржува во Агра во организација на најголемата индиска стопанска комора „CII“, а на кој се присутни претставници на 1.200 компании од Индија и Југоисточна Азија,  како и владини претставници од 65 земји од светот.

Самитот се смета за еден од најголемите  самити  на кој учесниците имаат можност да ги промовираат своите економии и компании, како  и да ги унапредат бизнис релациите, инвестициите и трговската размена.

Во македонската делегација, информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се министрите за странски инвестиции и без ресор, Бил Павлевски и  Неждет Мустафа, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Технолошко-индустриските развојни зони, Висар Фида и Виктор Мизо, како и економскиот промотор Тони Атанасовски.

– Директорот Фида и економскиот промотор Атанасовски  се сретнаа со претставници на неколку индиски компании од областа на инфраструктурата, ИТ, автомобилскиот сектор и секторот туризам,  а договорија и соработка со претставниците на Малезискиот институт за Стратешко инвестирање и развој (АСЛИ). Македонската делегација оствари средби и со владини претставници на Индија, ресорни министри, со премиерот  на најголемата индиска сојузна држава Утар Прадеш, како и со други владини делегации и претставници на мултинационални корпорации, се вели во соопштението од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top