Воената интервенција на западните земји, предводена од САД, во Сирија без поддршка од ОН, би претставувала воено злосторство, без разлика дали ќе добие одобрување од американскиот Конгрес, изјави познатиот интелектуалец и пацифист Ноам Чомски.
– Имајќи предвид дека меѓународната поддршка за одлуката на Обама да ја нападне Сирија доживеа колапс, Администрацијата се врати на стандардниот изговор за воени злосторства кога се друго ќе доживее неуспех: кредибилитетот на заканите на самонаречениот светски полицаец, истакнува Чомски.
Тој неодамна го посети блискоисточниот регион со цел да дознае повеќе за сириската криза, а коментарите кои тогаш ги изнесе ги натера некои да поверуваат дека тој поддржува воена интервенција, доколку преговорите не доведат до постигнување мир. Неговите сегашни коментари укажуваат дека тој е противник на каква било воена акција која би била извршена без одобрување на ОН.
– Повеќе од јасно е дека агресија без одобрение на ОН би претставувала воено злосторство, и тоа многу сериозно, без разлика на тешките напори останатите злосторства да се претстават како преседан, нагласи Чомски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!