Одлуката на општина Липково да згасне неколку паралелки во неколку периферни основни училишта поради намален број на ученици, денеска резултираше со бојкот на наставата од страна на наставниците во планинските села Лукаре и Гошинце, јави Алсат-М.
Наставниците велат дека се свесни за малиот број на ученици, но повеќе се загрижени за квалитетот на наставата.
– Таквата комбинација не е оправдана, бидејќи ќе се комбинираат шесттото со осмото и седмото со осмото одделение. Според нас, со ваквото комбинирање најпрво се ускратува правото на учениците бидејќи наместо 40 минути, ним ќе им се посветат 20 минути – вели Хајриз Мустафа, одговорен за О .У Дитуриа во селото Лукаре.
Наставниците бараат да се почитува одлуката од пред една година, укинувањето на паралелките да се врши постепено.
– Ние нема да го прифатиме ова. Ја прифаќаме само одлуката на Советот на општината која е усвоена минатата година да се реши ситуацијата со наставниците и нивниот број да се намали со нивно заминување во пензија – вели Мустафа.
Од општина Липково остануваат на вчерашниот став. Затворањето на паралелките е последица на намалениот број ученици. Во овие две села сега има околу 75 ученици. Нивниот број од година во година е сè помал поради намалувањето на наталитетот и заминувањето на локалните жители во западноевропските земји, известува Алсат-М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
Бојкот на наставата во основно училиште во скопско Ѓорче Петров
-
„Сузе е моја учителка“: Бојкот во градинката „Кочо Рацин“ поради смена на воспитувачката
-
Граѓаните дишат на жабри, повикуваат на бојкот, Шилегов останува глув