| четврток, 6 декември 2018 |

Со пиштол си ја вратил ќерката-бегалка

pistol

50 годишниот арачиновец Р.А. заедно со уште пет непознати лица со пиштоли ја враќал неговата ќерка – бегалка.

Како што информираат од полицијата, попладнето на 3. јули годинава, Р.А. и неговата “банда“ дошле во куќата на 23 годишниот А.И. каде била 20 годишната ќерка на Р.А., и започнале вербална расправија за да си ја земат девојката назад и да ја спречат да се омажи со А.И.

Бесниот татко и уште еден насилник кој го придружувал, од пиштол испукале неколку проектили, оштетувајќи го стаклото од ходникот. Полицијата поднесе соодветни кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top