Шведска принцезата Медлин, четврта во редот за шведскиот престол, своето прво дете ќе го роди во март, објави во вторникот кралската палата. Принцеза Медлин (31) се омажи во јуни за американско-британскиот бизнисмен Кристофер О’Нил во Стокхолм и сега двојката живее во Њујорк.
Иако во последниве години опаѓа поддршката на монархијата во Шведска, интересот сѐ уште е голем. Медлин има релативно мали „кралски“ обврски. Работи во добротворна организација за деца основана од нејзината мајка.
Медлин пред неколку години се пресели во Њујорк и доби работа во Светската детска фондација. Таму се запознала со О’Нил, кого го нарекува нејзина сродна душа.
– Ја сакам неговата топлина и смисла за хумор. Крис има големо срце и во негово друштво сите се чувствуваат удобно. Внимателен е и дарежлив – рече таа еднаш.
– Уште од кога ја сретнав, знаев дека Медлин е таа која сакам да ја оженам, но го чекав вистинскиот момент за брак – рече О’Нил, кој не може да стане цар, но неговите деца ќе може да седат на престолот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


