| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен Институт „Конфучие“ во рамки на УКИМ

DSC_4935Премиерот Никола Груевски доби  плакета заради значителен придонес во високообразовната научна и културна дејност и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Признание доби и на ректорот на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, Кина, Зонгуи Жанг.

Поводот е отворањето на кинескиот Институт „Конфуциј“ во рамките на УКИМ со поддршка на двете влади.Груевски истакна дека Македонија и Кина со години ги развиваат односите на пријателството, меѓусебно разбирање и за заемно почитување.

– По тој повод денес имам огромно задоволство да присуствувам на формирањето на Институтот „Конфуциј“ во Македонија чија цел е промоција и поддршка на изучувањето на кинескиот јазик и култура, воспоставување на наставата на кинески јазик во образовните институции, како и зајакнување на заемното разбирање и соработка меѓу граѓаните на Македонија и Кина, рече Груевски.

Тој додаде дека од 2006 година средствата за образование се зголемени за 60 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top