Второстепената комисија за решавање на жалби од областа на енергетиката ја поништи одлуката на Регулаторната комисија за енергетика според која од јули сметките за струја требаше да се намалат за 4,48 проценти.
Место 4,48 проценти цената на струјата од август ќе се пресметува по цена намалена за три проценти.
Второстепената комисија за решавање на жалби од областа на енергетиката ја поништи одлуката на Регулаторната комисија за енергетика според која од јули сметките за струја требаше да се намалат за 4,48 проценти.
Комисијата по повторното разгледување на жалбата што ја поднесе ЕВН Македонија утврдила дека при донесувањето на првичната одлука на регулаторите не се земени во целост сите факти во пресметките и не била реално утврдена фактичката состојба.
Иако одлуката на регулаторна за пад на цената на струјата од 4,48 проценти важеше од 1 јули од ЕВН велат дека нема да вршат корекција, во сметките за струја за јули ќе ја вкалкулираат одлуката на регулаторите, односно останува пониската тарифа.
За три проценти поевтина струја ќе пресметуваат за потрошените количини во август.
Решението на комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката Регулаторите веќе ја објавија на својот интернет-портал. И ЕВН Македонија по донесување на одлуката ги објави коригираните цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.