Тројцата возачи ги загубија животите по страшната сообраќајна несреќа што утринава околу 5.15 часот се случи кај селото Страцин. Според најновите информации, на тешките повреди им подлегнал и возачот на „тикото“ , 55-годишниот Драган И. од Крива Паланка.
Во тешката сообраќајна несреќа животот го загубија и 36-годишниот возач на „голфот“, Гаши И. од Приштина, како и 34-годишниот на „БМВ“ со бугарски таблички, Далибор Н. од Крива Паланка.
Од полицијата информираат дека во несреќата се повредени четири лица, кои биле сопатници во „тикото“ и во косовскиот „голф“.
Тешкоповредените лица се пренесени во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.