| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Доктор дневно земал мито колку станбен квадрат

doktor mitoСрпските медиуми пренесуваат транскрипт од снимени телефонски разговори меѓу сега веќе осуден лекар за барање и земање поткуп на Клиниката за неврохирургија во Војводина и неговата сопруга. Сепак, неговото име не се објавува. Овие разговори биле клучни докази на судењето.

Србија се бори против митото и корупцијата, а со објавата на ваквите разговори се крева и свеста на пациентите да ги пријавуваат несовесните доктори кои на мака на пациентите заработуваат и по еден станбен квадрат дневно.

Се пренесуваат два кратки разговори.

„500 поени!“ , така гласел одговорот кога го прашала како поминал денот, а потоа тој ја прашува:

– Дали си задоволна?, а таа потврдно одговара.

Втор разговор е пренесен подолго, како опишување колку се „заработува“:

– Здраво, како е денеска? – прашува жената.

– Денеска само 800 поени – одговорил докторот.

– Па, убаво – вели таа.

– Да, тоа е еден станбен квадрат, зар не? – констатуира докторот.

– Да, да – вели таа задоволно.

Иако во разговорите биле внимателни и не користеле валути туку само сумите, овие докази, сепак, докажале на судот дека се мисли на пари кои незаконски е баран и земен од пациенти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top