По падот на чешката економија во шест квартали последователно, земјата излезе од рецесија, соопшти Чешкиот завод за статистика.
На годишно ниво БДП се намалил за 1,3 процент, а конечната потрошувачка во вториот квартал во споредба со лани пораснал за 0,8 отсто.
Во домаќинствата каде што трошоците на годишно ниво се зголемиле за 0,5 проценти, интересот на потрошувачите бил фокусиран на производи за подолготрајна потрошувачка, особено на предмети за домување и средства за транспорт, и тоа во поголема мера отколку минатата година. Помалку купувале продукти за брза потрошувачка.
Значителни промени, според статистичарите, се забележани во развојот на надворешната трговија и нејзиниот придонес кон создавањето на БДП.
По привремениот пад во првиот квартал годинава, извозот на годишно ниво забележа раст од два отсто, додека увозот од само 0,5 проценти.
Според експертите, понатамошната економска ситуација ќе зависи од интересот на странските фирми за чешките производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


