На патот Куманово – Крива Паланка, во близина на Страцин, утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, има две жртви и тројца повредени, увидот е сѐ уште во тек.
Во несреќата учествувале три возила. Полицијата и противпожарните единици се на самото место, па очекуваме повеќе информации во текот на денот.
Ова е втора по ред несреќа во тој регион, вчера дваесет и петгодишно момче од Крива Паланка загина во сообраќајна несреќа што се случи на стариот пат Куманово – Скопје во близина на селото Љубодраг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.