| четврток, 6 декември 2018 |

Државата гори, Алма ал Асад си тера мода

alma al asad

Асма ал Асад (38), сопруга на претседателот на Сирија Башар ал Асад, е опседната со својата убавина и е убедена дека нејзиното семејство и во наредните децении ќе владее со земјата, изјавил Ајман Абдел Нур, поранешен советник на нејзиниот маж.

– Единствените нешта за кои се грижи е да изгледа убаво и да биде елегантна. Таа е опседната со својата убавина – ги пренесуваат британските медиуми зборовите на Нур.

assad

Според него, таа е и бездушна.

– Таа нема срце. Мисли дека нејзиното семејство со децении ќе владее со Сирија и сака да биде сигурна дека нејзиниот најстар син Хафез ќе го наследи таткото – изјави Нур.

Асма ал Асад, до пред извесно време беше исклучително ценета од страна на западниот свет. Модниот магазин „Ел“ дури ѝ ја додели и титулата најубаво облечената жена на политичар и тоа пред тогашната прва дама на Франција Карла Бруни и сопругата на претседателот на САД, Мишел Обама.

Asma-al-Asad

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top