| четврток, 6 декември 2018 |

Асад демантира дека стои зад нападот со хемиско оружје

g_basar-al-asad

Сирискиот претседател Башар ал Асад ги отфрли тврдењата дека тој и неговата власт стојат зад нападот со хемиско оружје во Дамаск извршен минатиот месец, јави ДПА.

Ваквата реакција на Асад доаѓа откако извор во француската Влада изјави дека во извештај на француската разузнавачка служба, доставен денеска до пратениците во Парламнетот во Париз, се наведува дека силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад извршиле „силен и координиран“ напад со хемиско оружје на 21 август.

– Оние, кои ги упатуваат обвиненијата треба да достават докази, рече Асад, предупредувајќи дека какви било воени дејствија на Франција против неговата Влада ќе имаат негативни последици.

Тој додаде дека Сирија побарала од САД и Франција да претстават еден единствен доказ за нападот, но претседателите Барак Обама и Франсоа Оланд не можеле тоа да го сторат.

– Секој кој придонесува за финансико и воено зајакнување на терористите е непријател на сирискиот народ. Доколку политиките на француската држава се непријателски во однос на сирискиот народ, таа ќе стане негов непријател… Ќе има последици, очигледно негативни за француските интереси, додаде Асад.

– Блискиот Исток е како буре барут. Никој не може да знае што ќе се случи. Ситуацијата ќе излезе од контрола доколку бурето со барут експлодира, нагласи Асад и додаде дека тоа ќе доведе до сеопшт хаос и јакнење на екстремизмот.

– Постои опасност од регионална војна, истакна сирискиот претседател

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top