Колку пати сте посакале да ѕирнете во машкиот мозок и точно да дознаете што таму се случува? Од друга страна, и да можете да им ги читате мислите, веројатно многу пати не би ги ни разбрале и тука доаѓаме до главниот проблем. Иако и мажите и жените спаѓаат на иста врста, генетиката го прави своето и затоа не ретко се чини дека мажите доаѓаат од една планета, а жените од друга. Единствениот начин до некаде да се појаснат работите е самите мажи да опишат што се случува во нив, да се обидат да одговорат на прашањата за сексуалноста, сексот, нагонот… Еве што велат тие….
Никогаш доста секс
– Вие жените мислите дека кај нас мажите се почнува и завршува со сексот и во тоа сте до некаде во право. Веројатно е тешко за жените да разберат колку е кај нас силен сексуалниот нагон и тоа речиси во целиот живот. Факт е дека во просек повеќе размислуваме за секс, отколку за жени, маструбираме почесто, сакаме секс почесто и секако сакаме повеќе партнерки. Како последица на тоа, трошиме повеќе пари и време за да добиеме повеќе секс или некој друг облик на сексуално задоволство. Она што исто така е фундаментална разлика меѓу мажите и жените е тоа што нам никогаш не ни е доста од секс, додека кај жените приказната е сосема поинаква. Ние живееме со тоа од ден во ден до некаде 50-тите години од животот кога овој нагон се смалува, но никогаш не престанува.
Тоа се нашите животински инстинкти кои сме ги наследиле од своите мајмунски предци. Се е тоа природа и против неа не можеме да се бориме. Тоа е исто како инстинктот за лов, натпреварување, тие се насадени во нас.

Секс и водење љубов
Ако навистина земеме во предвид дека силните сексуални нагони на мажите, донекаде ги тераат да бараат сексуална партнерка, значи ли тоа дека имаат легитимно право да ги изневеруваат своите партнерки?
– Моногмијата е друштвено одредена категорија, и нема никаква врска со природата, барем не на нашите мајмунски предци. Не го оправдуваме изневерувањето ниту на мажите, ниту на жените, но вистината е дека мажите многу потешко живеат во одредени друштвени оквири, ако нивната партнерка нема подеднаков сексуален нагон. Веруваме дека е исто и со жените, доколку нивниот партнер има слабо либидо. Можете да ја сакате вашата девојка до бесвест, но секогаш постои она нешто во нас што бара задоволување на сексуалните потреби. Она што е дефинитивно најголема разлика меѓу мажите и жените се емоциите кои се вклучени за време на сексуалниот однос. Ние мислиме на добар секс, а тие на водење љубов. Нормално кога сме во врска со партнерка која ја сакаме, сигурно се присутни емоции од двете страни, но за време на секс кај нас мажите тие не се толку интензивни, ние се концентрираме на механичкиот дел, а жените на механичко-емоционалниот дел.
Токму поради тоа не е необично што мажите многу често имаат потреба од маструбација, без разлика на тоа колку редовно имаат секс. Маструбацијата е облик на задоволување на сексуалната потреба во кој сте насочени само на себе и своето задоволство.

Поголем или помал, битно пали
Постои вечно прашање меѓу мажите, но и жените дали е битна големината или техниката. Од машка гледна точка, пенисот е симбол на машкоста, сексуалната потенција и моќ.
– Тоа е дефинитивно и повеќе од точно. Освен што никој не сака да има мал пенис или барем не помал од просекот, за многу мажи е многу важно да разбудат со ерекција, затоа што тоа им дава сигурност дека со нивната потенција и машкост е се во ред. Од друга страна, откритието дека не може да им се “крене“ од било каква причина директно ја напаѓа самодовребата. Она на што сите мораме да бидеме свесни, а верувам дека повеќето мажи донекаде и се, дека пенисот не е баш многу “послушен“ механизам, па од време на време може и да не разочара баш во оној момент кога сте со жена која сака секс со вас.
– Што се однесува до големината на самиот пенис, за тоа можеме да разговараме до утре, но кога ќе загребеме малку повеќе под површината, очигледно е дека на нас мажите ни е многу побитна големината на пенисот отколку на жените, особено ако не сте и прв сексуален партнер на жената. Едноставно несакате за време на сексот таа да помисли дека нејзиниот претходен партнер бил подобар затоа што имал поголем пенис, но тоа најчесто се случува само во нашите глави, не и во женските. Сите ние сме многу натпреварувачки настроени во се, па така е и во кревет.
Живот во машко тело
Колку пати сте слушнале од мажите дека никогаш не би можеле ниту би сакале да живеат во женско тело, додека поголемиот дел од жените со задоволство би се замениле на неколку дена и би искусиле како е да се биде маж. Ако се во фит форма, уживаат во предностите на своето тело, сила, енергија…
Уживаме кога можеме да ги завршуваме работите кои жените не можат. Тука секако се јавува аспектот на сексуалниот живот во кој мажите уживаат во покажувањето на својата машкост во секоја смисла на зборот – потенција, сила, можност да ја задоволат партнерката. Секако, се е тоа совршено толку долго се додека нашето машко тело не не издаде во она за што мислиме дека сме создадени. Тоа е нашиот најголем страв.
– Ниту еден маж не може да роди дете, затоа што нашите тела во ниту еден сегмент не се создадени за тоа. Ако ништо друго, нема да го поднесеме породилниот бол. Но, затоа се тука жените кои ние мораме да ги оплодуваме, браниме и да се грижиме за нив и за потомците. Тоа е она исконското, а се друго е друштвено наметнато. И секако, немојте да се навредите, ништо лично, главниот причина за ние да не сакаме да поминеме ниту еден ден во женско тело веројатно е тоа што после тоа не би можеле да ги гледаме жените како сексуален објект. Нивните физички карактеристики, нивната мистичност и нашето неразбирање на жените е она што нас не привлекува кон нив, тоа е она што ги прави пожелни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


