Во очекување на европското првенство ЕП во кошарка новиот репрезентативец Владимир Брчков ги реши сите дилеми околу неговиот ангажман за новата сезона. Тој потпиша за амбициозниот Работнички и ќе му се стави на располагање на тренерот Емил Рајковиќ веднаш по завршувањето на ЕП.
Брчков е второто засилување за клубот од градскиот парк по потпишувањето на Дарко Соколов. Овие двајца играчи повторно ќе соработуваат со Рајковиќ кои претходно беа дел и од тимот на Фени Индустри.
Од градски парк соопштуваат дека се водат сериозни преговори со уште неколку квалитетни домашни играчи и неколку квалитетни странски засилувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


