| четврток, 6 декември 2018 |

25- годишник загина кај Куманово

полицијаДваесет и петгодишно момче од Крива Паланка загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на стариот пат Куманово – Скопје во близина на кумановското село Љубодраг.

Несреќата се случила околу 12:30 часот кога директно се судриле автомобил марка „фолксваген пасат“ со кумановски таблички,управуван од И.А. (42) и автомобил марка „тико“ управувано од 24-годишниот В.Н. кој заедно со загинатиот И.Н. се движел кон Скопје.

Увид на местото на настанот извршија увидна екипа на СВР Куманово, Истражен судија и Јавен обвинител. Полицијата работи на утврдување на причините и околностите во кои се случила несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top