Стартот на сезоната на Калчо лигата е одбележан со бројни хулиганства. По минатонеделната тепачка меѓу навивачите на Верона и Милан на отворањето на Серија А, второто коло донесе немири и по натпреварот Рома – Верона (3-0)во Рим. Заради немирите пред натпреварот се приведени 4 хулигани, а повредени се 8 редари. По натпреварот пак, на кој јужната трибина беше затворена заради расистички навивања против Марио Балотели минатата година, домашните хулигани на периферија на Рим го нападнале автобусот со кои тимот на Верона се враќале дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


