Груевски во писмото до Филе ги изразува очекувањата дека „напорите ќе наидат на соодветна валоризација во претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија“, како и дека очекува „скорашен датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија“.
„Целосно свесни за вниманието што го предизвикаа немилите настани, кои својата кулминација ја постигнаа на 24 декември 2012 година, Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, целосно се вложи во конституирањето на ад хок комисијата. Успешно ги надминавме предизвиците што стоеја на патот на избор на претседател на комисијата, а на висина на задачата бевме и при усвојување на комисискиот извештај“, се вели во писмото.
„Разговорите, кои беа водени во изминатите месеци, резултираа со извештај, кој беше постигнат како резултат на компромисот што го направивме со цел да не ја ставиме во залог европската иднина на Република Македонија. И покрај тоа што претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на чинот на потпишување на извештајот ставија забелешки, односно несогласување за правните квалификации искажани во него, би сакал да истакнам дека целосно застануваме за спроведување на препораките содржани во Извештајот. За таа цел веднаш пристапивме кон конституирање работна група за спроведување на препораките на извештајот, кои ќе помогнат во надминување на причините што ги предизвикаа немилите настани и ќе придонесе за дополнителна политичка стабилност во општеството“, наведува Груевски во писмото до еврокомесарот Штефан Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


